“Музејот на ВМРО” се укинува на барање на Атина, може да стане хотел

Loading...

Укинувањето на музејот на македонската национална борба познат како „Музејот на ВМРО“ е обврска на земјава согласно договорот со Грција, тврдат грчки научници кои велат дека македонската страна свесно се согласила со овој чекор.

Конкретно за ова прашање ќе треба да одлучува специјалната комисија која допрва ќе биде формирана и ќе работи на голем број слични теми во период од 3 години.

Грчките извори велат дека е добро што со брзото укинување на музејот од страна на официјална комисија на министерството за култура ќе се реши дело од проблемот а Заев ќе му го олесни товарот на Ципрас пред грчката јавност да објаснува што се има во музејот што е доказ за македонскиот иредентизам.

Изворите велат дека не треба да се биде изненаден затоа што оваа мерка е јасно присутна и во договорот но и во нон пејперот кој истиот го објаснува.

Според нон пејперот објавен истиот ден кога владат во Скопје го објави договорот за името се вели дека “Во преамбулата е наведено дека државата Македонија е резултат на борбата на „Македонските луѓе“ со векови.

Во документот се зборува и за членот 36 од уставот во кој се даваат посебни права на тие што се бореле „за идеите за различен идентитет на македонскиот народ“.

Во членот 49 пак се говори за права на лицата кои што припаѓаат на македонскиот народ во соседните земји.

И на крај во членот 56 се зборува за заштита на „историските и културно наследство на македонскиот народ“, што за грчките претставници е јасен доказ дека Македонија ќе мора темелно да го менува својот концепт на постоење а во тоа спаѓа и Музејот на ВМРО каде што на официјално државно ниво се присутни голем дел од овие „иредентистички пораки“ кон Грција.

Грција не сака да навлегува во прашањето како Скопје ќе го решава проблемот со Музејот, една од опциите е тој да стане некаков вид на институција која би се финансирала сама или би била приватизирана. Друга опција е да се претвори во хотел или друг комерцијален објект за што интерес покажеле и грчки бизнисмени.

„Колку побрзо се свртиме кон иднината а зад себе ја оставиме историјата толку побрзо ќе станаеме добри пријатели и Северна Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО каде што заслужува да биде“, велат изворите на expres.mk во Атина кои апелираат соседната земја да не ја пропушти големата шанса која тешко дека наскоро ќе се повтори.

4 Коментари

  1. More mameto mamino u p…ka da mu go e..am na kopitoto murtinsko! ke popusi malku sto ke go ukine muzejot.

Comments are closed.