МВР бара медиумите да не објавуваат сензитивни информации за борците на ИСИС

Откако два пати за една недела ја манипулирaше јавноста денеска раководството на МВР побара разбирање и доверба од медиумите во врска со случајот членови на ИСИС кои полицијата ги презела од американската армија на скопскиот аеродром.

На денешниот брифинг во МВР високи претставници изјавиле дека се работи за сензитивни информации и затоа од медиумите се бара да молчат за нив, јавува телевизијата Алфа кој вели дека овој пат ќе го послуша МВР и нема да ги објави информациите што ги има но дека сепак МВР должи информации во врска со овој случај кои што не се сензитивни и кои јавноста има право да ги знае.

Меѓу нив се прашањата дали македонски оперативци предходно заминале во Сирија и Ирак на лице место да утврдат дали се работи за наши државјани и што ако се утврди дека меѓу нив има лица кои што не се македонски државјани.

За Алфа важно прашање е и дали американската армија на МВР му доставила докази за кривичното дело учество во странска армија за кои ги гони Македонија. И најважно од се зошто мвр тврди дека за 5 осомничени за учество во странски војски има издадени меѓународни потерници кога на веб страната на мвр воопшто нема лица со вакви кривични дела.

МВР која сега бара доверба од медиумите пред два дена истите ги злоупотреби со информацијата дека организирало операција за лишување од слобода иако подоцна Пентагон објави дека се работи за репатријација и дека седумтемина во Скопје биле донесени како воени затвореници во авион на американската армија. Во случајот не се работело за никаква акција на МВР туку само за примопредавање на заробени лица.

Во исто време управата за државна безбедност и контраразузнавање при МВР барајќи доверба од медиумите се оградува од скандалот во кој беше вклучен началникот на бирото за јавна безбедност за кој министерството цели пет дена ја лажеше јавноста. И покрај тоа што министерот Спасовски побара оставката за Лазе Велковски кој со службен џип ја прати ќерката со службено обезбедување во Грција началникот се уште е на својата позиција во мвр.

МВР досга на медиумите не им се извини ниту за лагите поврзани со началникот со џипот ниту за невистината поврзана со наводното апсење на членовите на ИСИС, пишува Алфа.

SHARE