Пандов: МВР го апси Миленко Неделковски

Некогашниот пратеник Александар Пандов тврди дека во моментов МВР го апси водителот Миленко Неделковски.

“Притисокот кон слободата на говорот и слободно мислечките луѓе од страна на Заев и СДС, не запира! Во моментов пред домот на новинарот Миленко Неделковски има полиција, но за разлика од онаа пред домовите на предавниците која е да ги чува, кај Миленко е дојдена да го апси. На секој начин оваа фашистичка хунта се обидува да го замолчи секој нивни противник. Ширење на страв и терор е единствениот метод кој го познаваат. Нема да не уплашите и уште помалку замолчите”, напиша денеска Пандов.

SHARE

Оставете Коментар