МВР истражува закани кон дел од раководството и членови на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за емисијата Клик-плус на ТВ21 беше запрашан дали досега некој од пратениците пријавил закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени.

Спасовски одговара дека ниту еден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот и откри дека МВР истражува по пријави од луѓе во врвот на опозицијата.

“Но, има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и членови од истата партија,за што се постапува”, рече Спасовски кој не открива кои се луѓето кои што побарале помош од МВР ниту за какви конкретни закани или безбедносни проблеми се работи.

Спасовски во емисијата откри и дека биле откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи.

“Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи“-изјави за Кликплус.

SHARE