МВР ќе ги гони Заев и Димитров – пишува Горан Момироски

Loading...

Утринава ме разбуди неверојатна информација од таканаречени “свиркачи” дека припадници на МВР ќе го гонат премиерот и шефот на дипломатијата за прекршување на законите. Во Шведска со оглед на околностите ова сигурно ќе беше точно но во Македонија…

Според извори во МВР кои логично инсистираат на анонимност, членови на таканаречената шеста управа која се занимава со обезбедување на високи државни функционери и одговорни за сообраќај при бирото за јавна безбедност во МВР денеска треба да одржат посебни состаноци на кои ќе се расправа за фотографиите кои вчера ги објави премиерот Заев.

Иницијативата за овие активности дошла од високи припадници на полицијата, професионалци кои долго време работат во МВР и на кои на почетокот од работата на оваа влада им било кажано дека имаат право но пред се обврска да започнуваат процедури против сите припадници на полицијата и граѓаните доколку ги прекршат законите без разлика дали се работи за политички моќници или обични луѓе.

На фотографиите кои се причина за загриженост во МВР премиерот Заев е заедно со министерот Никола Димитров и на нив се гледа дека ниту премиерот ниту шефот на дипломатијата на нивните глави немаат заштитни шлемови додека возат квадрицикл.

Според законот за сообраќај Заев и Димитров мора да добијат прекршочни пријави или мандатни казни за неносење заштитна опрема при управување на моторно возило а такво нешто вчера и утринава не се случило ниту во Струмица ниту во централата на МВР во Скопје.

Законските прописи предвидуваат глоба од 35 евра во денарска противредност за возачот кој не користи заштитен шлем односно во негова согласност со регистрирање на 15 негативни бодови или глоба во противредност од 20 евра со тоа што за сопатникот кој се превезува на моторциклот нема предвидено негативни поени туку добива само казна од 20 евра.

Соодветна процедура за инцидентот во родниот град на премиерот треба да биде започната и против одговорни лица во сообраќајната полиција во Струмица која ја обезбедувала маршрутата на премиерот, а која дозволила јавно непочитување на законот за сообраќај.

Забелешки има и за членовите на обезбедувањето на Заев кои што дозволиле премиерот да биде ставен во позиција во која може да му биде загрозен животот поради непреземање на соодветни безбедносни мерки.

Министерот Оливер Спасовски со објаснување дека се работи за високи државни интереси се обидел да ја спречи ваквата разврска на случајот кој вчера беше организиран од ПР тимот на владата која фотографиите ги употреби за да прикаже дека односите меѓу Заев и Димитров се одлични.

А токму министерот Спасовски лани во кампања апелираше мотоциклистите да носат заштитен шлем.

Владата предходно демантираше напис на грчкиот весник Та Неа според кој тие двајца имаат конфликт поради различни ставови за последниот пакет за името.

Извори во Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот велат дека неодговорното однесување на премиерот и министерот ќе придонесе за нови жртви меѓу младите кои не носат заштитни шлемови додека возат мотоцикли.

Од таму луѓе кои се професионалци во овој дел а кои сакаат да останат анонимни поради страв од реваншизам велат дека “Со ваквото однесување Заев и Димитров директно ја уриваат кампањата #ВозиОдговорно и создаваат чувство на лагодност кај младите кои гледајќи дека највисоките функционери во државата не го почитуваат законот за сообраќај нема да сакаат да преземат мерки за сопствена заштита”.

Сепак Советот нема да преземе никакви јавни активности по ова прашање и од таму топката ја префрлаат на МВР и јавното обвинителство кое може да се вклучи ако по дојава или допрен глас од јавноста утврди дека постои грешка во безбедносните процедури поради која животот на премиерот е доведен во опасност.

Годишно стотина македонски граѓани гинат или се потешко и полесно повредени во сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоциклисти и велосипедисти. Најголем дел од нив не носат заштитни шлемови.

Пропагандните гуруа во владата кои ги смислија фотографиите на “премиерот без шлем” на голем тест ја ставаат владата пред препораките на Европската Комисија за селективна правда.

Дневно само на подрачјето на град Скопје се пишуваат стотина мандатни казни за сообраќајни прекршоци како неносење шлем или зборување на телефон при управување со моторно возило и уште толку кривични пријави за посериозни прекршоци.

Амнестијата на премиерот и министерот за нивните прекршоци ќе биде директна потврда за новата “заробена држава” за која пишува во последниот Нон пејпер за Македонија.

11 Коментари

  1. Од каде му е идејата на Горан Момироски дека Заев и Димитров ГИ ВОЗАТ квадрициклите? Од фотографиите се гледа дека Заев и Димитров СЕДАТ на квадрицикли, а не дека ГИ ВОЗАТ. Законот не забранува некој да седи без заштитен шлем, туку да вози без заштитетн шлем. Значи, фотографиите не се никаков доказ дека Заев и Димитров ВОЗАТ без заштитен шлем, туку дека СЕДАТ без заштитен шлем.

  2. А каква врска има еврото со фотографиите каде се гледа дека овие двајца СЕДАТ на квадрициклите? Прашање е дали фотографиите се доказ дека тие СЕДАТ без заштитен шлем или дека ВОЗАТ без заштитен шлем. Едното е казниво, а другото не.

    • Znaci vaka laicki. Ako vozilata stojat slikite ke bidat bistri. Satite na gumite ist ke bidat jasni. Sigurno ne slikale so SMENA 8

  3. Абе Зоран, јас не велам дека тие НЕ ВОЗЕЛЕ. Јас велам дека ФОТОГРАФИЈА е слика, со фотографија НЕ СЕ ДОКАЖУВА ДВИЖЕЊЕ. Фотографија не е филм каде се гледа дека некој СЕ ДВИЖИ, во случајов може само да се докаже дека тие СЕДАТ без заштитни шлемови. Ако наместо фотогафии беше филм, каде ќе се видеше дека се движат, ќе беше поинаку.

    • Vidi. Ne se palam jas deka se raboti za Zaev i Dimitrov. Pred nekoj den pisa deka ako ne bile VMROvcite odamna ke sme bile Svedska Danska ili Svajcarija. E da ti kazam vo tie zemji zakonite vazat za site a javnite politicki licnosti se za primer.

  4. И мирувањето е момент на движење ако се набљудува во мал временски интервал.

  5. Така е. Се согласувам со тебе. Затоа е добро за нас да влеземе во ЕУ и НАТО. За да не можат јавните политички личности да се понашаат како султани. За да мора и тие да го почитуваат законот. Било да се од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Comments are closed.