МВР молчи за „началникот со џипот“ што ќе станува „началник на организиран криминал“

Министерството за внатрешни работи се уште не објавува дали поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, ќе биде поставен на позицијата Началник на Одделот за борба против организираниот криминал.

Министерството молчи за наводите на повеќе медиуми според кои откако беше сменет за тешко прекршување на работната дисциплина Велковски познат како „началникот со џипот“ сега ќе добие нова висока функција во МВР.

Според порталот Лидер министерот за вратрешни работи Оливер Спасовски беќе го назначил Велковски на чело на овој важен оддел по барање на премиерот Зоран Заев.

Новинарите од порталот се обиделе да ја потврдат информацијата кај портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, но не добиле веднаш одговор.

Назначувањето на Велковски ќе биде огромен скандал затоа што тој беше беше разрешен од владата од позицијата директор на БЈБ, откако ја злоупотреби службената положба и без овластување испрати за приватни цели службено возило во Грција за да ја вози неговата ќерка и тоа со возач од МВР.

Велковски тогаш тврдеше дека ималл закани за семејството но во МВР никаде тие закани не беа забележани по што министерот Спасовски одлучи на барање на јавноста да побара негова смена од владата.

Дополнителен проблем за Велковски беше тоа што излезот и влезот во земјава за приватното патување на членови на неговото семејство не биле заведени на граничниот премин најверојатно по негов налог.

Сега според најавите на медиумите наместо да сноси правни санкции Велковски ќе биде ставен за началник на еден од најважните оддели во МВР.

Оставете Коментар