МВР уапсила двајца за напад врз функционер на СДСМ

Loading...

Во полициска акција во општина Чаир полициски припадници уапсиле двајца осомничени за извршен напад врз функционер на СДСМ од општина Шуто Оризари.

Како што јавуваат извори во МВР се работи за двајца млади луѓе кои што се осомничени за употреба на насилство и физички напад. Неофицијално тие примиле пари за да го извршат нападот. Нивните родители веќе се извиниле на нападнатиот но МВР и обвинителството ќе ги гони за извршен физички напад со тешки последици.

Извори на expres.mk во општината Шуто Оризари тврдат дека уапсените се приведени поради напад на висок член на СДСМ во Шуто Оризари кој што пред десетина дена бил нападнат во населбата Топанско поле при што тој се здобил со тешки повреди на вратот и главата. Во нападот се користени и метални шипки.

Нападот е извршен откако предходно кулминирале непријателските односи меѓу две групи на владеачката партија во доминантната ромска општина Шуто Оризари.

Во Шутка подолго време се случува судир меѓу луѓето блиски на градоначалникот Курто Дудуш и дел од советничката група и партиски членови кои отворено се противат на корупцијата и злоуотребата на локалната власт за лична корист.

Пред десетина дена нападнатиот кој е поранешен претседавач со советот на општината пред нападот дошол во директен конфликт со луѓе на градоначалникот Дудуш.

Нападнатиот тврди дека поради критиките кон градоначалникот кон него бил извршен обид за убиство во кој тој едвај преживеал.