На 32 степени бебиња заглавени во воз без клима во Ѓорче Петров

Loading...

Денеска околу 17 часот на железничката станица во Ѓорче Петров околу 40 минути бил заглавен возот што сообраќа на релација Скопје – Кичево преку Гостивар.

Во возот во кој голем дел од патниците стоеле имало и стари луѓе и бебиња а атмосферата во возот поради високите температури биле неподнослива.

Во возот нема клима а поради тоа што возот не бил во движење температурата се искачила на екстремно високо ниво поради што на неколку патници им се слошило.

Возот морал да чека на жешкото време друг воз кој превезувал стока а минувал на истата рута и тргнал кон Гостивар дури откако минал товарниот воз иако светски стандард е најпрвин да минат патничките возоци пред товарните.

На оваа релација поради големиот број инциденти (поставување на камења и дрвја на шините и фрлање на камења врз возот) не сообраќаат новите кинески возови со функционални климатизери туку старите кои се стари и по 5 децении и во кои условите за патување се катастрофални.

Денеска во Скопје беше измерена температура од 32 степени но очевидци кои се возеле во возот велат дека внатре температурата била за најмалку десетина степени повисока.