На 8 септември протест против преспанскиот договор во Солун

Митинг против преспанскиот договор ќе се одржи на 8 септември, на денот на отворањето на на Меѓународниот саем во Солун, на кој треба да се обрати премиерот Алексис Ципрас.

„Во саботата, 8/9/2018 во 19:00, ги повикуваме сите Грци надвор од конференцискиот центар  Јоанис Велидис“ на Меѓународниот саем во Солун, за да ја изразиме нашата силна реакција на преспанскиот договор, кој неповратно ги крши законите на македонскиот хеленизам.

Организатори на митингот под слоганот „без платформи и говорници“ се Светското панмакедонското здружение , Панелинската федерација на културните здруженија на Македонците (ПОМОС) и Борбените комитети на  Македонија.

„Сите со грчкото знаме во рака да дојдат и да го поплават градот Солун по повод присуството на премиерот Ципрас на отворањето на Меѓународниот саем во Солун… Без платформи и говорници, грчкиот народ ќе зборува”.

 

SHARE

Comments are closed.