На Асанж уште му е забранет пристап на Интернет

Loading...

Министерката за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноза, изјави дека не е определен датум кога на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, одново ќе му биде дозволен пристап на Интернет.

Асанж, од 2012 е „засолнет“ во амбасадата на Еквадор во Лондон, а доколку ја напушти веднаш ќе биде уапсен.

Владата на Еквадор во март реши да не му дозволи на Асанж да користи интернет, откако тој на социјалните медиуми го осуди апсењето на каталонските сепаратистички политичари.

„Во неколку наврати тој се согласи да не се меша во внатрешната политика на земјите.. за жал, не го исполни своето ветување, па сега за сега не му е дозволен пристап до интернет“, изјави Еспиноза како што пренесе АП.

Еквадор му даде азил на Асанж, откако основачот на Викиликс побара засолниште во амбасадата во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што е под истрага за наводен сексуален напад.