На Блискиот Исток војувале 155 „борци“ од Македонија

Loading...

Според последниот извештај на Европската комисија, се проценува дека околу 155 лица од Македонија заминале да војуваат во Сирија и Ирак од 2012 година, иако минатата година на боиштата на Блискиот Исток заминале само двајца „борци“.

Во извештајот за напредокот на ЕУ во 2018 година се вели дека околу 80 од нив се вратиле во земјата, 30 се сеуште во Сирија, а 30 биле убиени таму. За други се верува дека заминале во други држави.

Постојат докази за околу 23 лица од Црна Гора, вклучително и пет жени и три деца, кои отпатуваа за зоната на конфликтот во Сирија од нејзиното започнување. Од тој број, шестмина наводно загинале, а 10 се вратиле во земјата.

Властите во Белград имаат докази дека околу 49 српски државјани станале плетеници-терористи, а десет се вратиле од зоната на конфликтот.

Од Босна и Херцеговина се проценува дека 181 мажи, 61 жени и 81 деца со босанско државјанство патувале во Сирија и Ирак  помеѓу 2012 и 2016 година.

Помеѓу 2012 и 2015 година, околу 144 албански државјани отпатувале во Сирија и Ирак за да им се придружат на вооружените конфликти. Околу 45 борци се вратиле, 26 загинале, а 73 останаа на бојното поле.

Најмногу „борци“ на Блискиот Исток се упателие од Косово: Помеѓу 2012 и 2016 година, околу 359 косовски граѓани – 255 мажи, 49 жени и 55 деца – заминаа, главно како борци. Според извештајот на ЕУ, 133 граѓани на Косово се вратија од Сирија или Ирак, 74 загинаа а таму во моментот се наоѓаат уште 195 ица.