На Бочварски не му беше доволно завчера, пак се истакна

Иако само пред три дена беше мета на потсмев на Твитерџиите откако се пофали дека за секој ден од годината асфалтирал по 2,7 должни метри или влупно 1000 метри патишта градоначалникот на Штип повторно е дел од шегите на социјалните мрежи.

Денеска потсмевот и лутината кај дел од граѓаните го заслужи со ПР фотографијата објавена во дел од провладините медиуми во кои е објавена информација дека Благој Бочварски бил во посета на ископани ровови.

Во информацијата се вели дека тој отишол да направи надзор на проект на општина Штип.

Вчера со сличен ПР метод се пофали и градоначалникот на општина Аеродром кој се пофали дека ставал столбчиња, клупи и корпи за смет како да е тоа некаква вонредна активност на неговиот тим.

По Бочварски се истакна и Марин

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар