На Борисов му е драга Европа, но Бугарија без мигранти му е помила

Бугарскиот премиер вели дека е Европјанин, но дега Бугарија му е помила, коментирајќи ја веста дека Ангела Меркел се договорила со 14 земји за враќање на мигранти кои се обидуваат да влезат во Германија.

„Јас солидарноста ја разбирам поинаку – секој да си сноси одговорност за границата. Зборувам за надворешните држави“, рече Бојко Борисов, потенцирајќи дека неговата влада веднаш презела акција кога започна мигрантскиот бран.

„Изградивме бариера н(на границата –н.з.), инвестиравме во полицијата, жандармеријата, го сменивме законот и дадовме можност армијата да учествува во обезбедувањето“, потсети Борисов на договорот со Турција и неговата важност за безбедноста.

“Нашите напори и договор за работа ги обезбедија надворешните граници на ЕУ, ова е солидарност”, рече Борисов според кој Бугарија нема да прифаќа мигранти кои веќе се во Европа.

„Ова е коректна позиција кон сите“ изјавил Борисов.

SHARE