Експлозивна направа била пронајдена во поштенско сандаче пред имотот на милијардерот Џорџ Сорос во Њујорк, соопшти локалната полиција, пренесе „Њујорк тајмс“ според кој пеколната направа била успешно отстранета.
Пакетот бил адресиран до Сорос, но милијардерот во тој момент не бил дом.
Случајот беше предаден на ФБИ, но оттаму одбиваат да коментираат.