На есен граѓаните на референдум ќе испишат историја, вели Заев

На прес конференцијата која е се уште во тек премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на есен да излезат на референдум и да помогнат да се испише новото поглавје во историјата.

„Граѓаните треба да излезат на референдум и тој да биде успешен. Граѓаните ќе ја донесат одлуката, а јас јасно го соопштувам мојот став и праќам апел граѓаните да ја зграпчат оваа шанса“, рече Заев.

Тоа според него ќе биде новиот Илинден.

Нема веќе ФИРОМ, конечно ќе бидеме свои на своето признати од сите, од меѓународната јавност и од Грција, рече тој.

По 2,5 децении сдтавивме крај на еден спор зашто постигнавме историско вековно решение, рече Заев.

Претходно, грчки медиуми од Атина известија дека е постигната согласност со Скопје ке ги задоволува сите грчки услови.

Премиерот Алексис Ципрас имаше средба со шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос на која го извистил дека е постигнат добар договор.

„Среќен сум бидејќи имаме договор што ги покрива сите предуслови што ги постави грчката влада, рече Ципрас и додаде дека договорот е за сложено име со географска одредница, за севкупна употреба ерга омнес што предвидува уставна ревизија“, му рекол Ципрас на грчкиот претседател .

2 Коментари

  1. ДЕНЕС НА 12. ЈУН 2018. ГРУПА КРИМИНАЛЦИ ПРЕДВОДЕНА ОД ЗОРАН ЗАЕВ ИЗВРШИ ДРЖАВЕН УДАР И ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО!

    ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!

    ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Оставете Коментар