На Курбан Бајрам нападната претседателската палата во Кабул (ВИДЕО)

Десетина проектили беа истрелани утрово врз претседателската палата и дипломатската зона во главниот град на Авганистан.

Нападот се случил за време на молитвената церемонија на денешниот муслимански празник на која говореше претседателот Ашраф Гани.

Медиуми, повикувајќи се на официјални лица, јавуваат дека најмалку 12 ракети експлодирале во областа, а според локалните жители можеби имало и повеќе од 20.

“Утринава група терористи презедоа зграда во Река Кана и испалија неколку ракети кон Кабул“, изјави портпарол на Министерството за внатрешни работи за новинската агенција АФП.

SHARE