Постојаната мисија на поранешна СФРЈ во Обединетите нации во Њујорк
Loading...

Откако вчера државите наследнички на поранешната СФРЈ потпишаа договор за продажба на апартманот на „Парк авенија“ 730 во Њујорк за вкупно 12,1 милиони долари, би требало да следува распределба на добиените средства од поранешната амбасада помеѓу Србија, Хрватска, Македонија, Босна, Словенија и Црна Гора.

Од овој износ, на Македонија би ѝ следувале околу 6 отсто или 726.000 долари, неофицијално дознава „Expres.mk“

Дуплекс-апартманот од 250 квадратни метри, со шест спални, четири бањи, беше резиденција што некогаш ја користеа југословенските амбасадори, како и Јосип Броз Тито на неговите патувања во Њујорк.

Амбасадата/резиденција според српски извори била празна уште од 1992 година, а во изминативе години Србија ги плаќала трошоците за одржување од по 15.500 долари месечно.

Поради тоа, Србија ќе добие речиси 40 проценти од цената што ја понудил непознат купувач.

Југословенската влада го купила апартманот во 1975 година за 100.000 долари, јави АП.

Во тек е процесот на заедничка продажба на уште четири објекти на поранешната СФРЈ: Постојаната мисија на поранешна СФРЈ во Обединетите нации во Њујорк, амбасадата во Бон, амбасада во Берн и амбасадата/ резиденција на поранешната СФРЈ во Токио.

Неофицијално дознаваме, дека Србија ги користи просториите на поранешната мисија на СФРЈ при ОН.