На маса е „Северна Македонија“, дали Заев ќе „истурка“ договор!?

Атина и Скопје се движат кон решение за спорот за името на Македонија, а „Република Северна Македонија“ е веројатно договореното име иако а маса остануваат уште две од петте предлози на Метју Нимиц, пишува „Катимњерини“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува да разговара со својот колега Зоран Заев по телефон многу брзо и двајцата ќе се состанат во наредните денови, а сигурно пред самитот на лидерите на Европската унија на 28 јуни .

Во средата Заев рече дека договорот е многу близок и посочи дека договорот ќе мора да биде ратификуван од парламентот пред референдумот.

Тешкотиите со кои се соочува Зоран Заев од Скопје е главната причина за недоволната комуникација помеѓу двајцата премиери, пишува „Ефимирида“ и потсетува дека претседателот Ѓорѓе Иванов се изјаснил дека цврсто се спротивставува на усвојувањето на сложено име за сите употреби, а утре, сабота, опозицијата организира митинг што, де факто, создава политички и социјален проблем за премиерот на Скопје.

Дипломатски извори за „Ефимирида“ велат дека „со нетрпение очекуваме да видиме дали Заев може да го истурка договорот“ појаснувајќи дека Атина не е подготвена да се повлече.

Во овој контекст, грчката влада сака да му даде на Зоран Заев време работите да „ферментиррат“кај соседот и малку да се разврзе ситуацијата.