На нов референдум за „брегзит“, Британците би гласале да останат во ЕУ

Доколку би се одржал нов референдум, граѓаните на Велика Британија би гласале да останат во ЕУ, пишува „Индепендент“.

„Тринаесет од 14 анкети спроведени оваа година покажуваат дека повеќе луѓе сметат дека „брегзит“ бил погрешен.

Податоците покажуваат дека генерално постарите гласачи поддржуваат напуштање, додека помладите гласачи се за останување во Унијата.

На референдумот во 2016 имало 1.3 милиони граѓани повеќе „за“ напуштање на ЕУ, од оние кои сакаа да останат.

Анкетата за јавното мислење спроведена од специјално за „Индипендент“ во декември 2017 година, покажа дека 51 отсто од испитаниците го поддржуваат останувањето во ЕУ наспроти 41 подржуваат „брегзит“.

Оставете Коментар