На шефот на дипломатија не му помогна ниту „домашниот терен“

Жустра и нервозна дебата на Телма на која учествува министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ Александар Николовски.

Водителката Сања Васиќ разочарана на крајот на дебатата, очекувала цивилизирана дебата во која имаше жестоки препирки меѓу двајцата гости.

Шефот на дипломатијата Димитров видно нервозен од аргументите на Николовски, невообичаено за него во неколку наврати реагираше нервозно во недостаток на сопствени аргументи. Главно ги користеше оштите флоскули што ги користи СДСМ во кампањата и потсетуваше на старата влада на ВМРО -ДПМНЕ што на моменти укажуваше дека не може да се фокусира и да одговори успешно на нападите од Николоски.

„Спорот за името постои од создавањето на грчката држава и од првите никулци за создавање на македонската држва, поради грчката „Мегали идеја, односно поради нејзините територијални претензии. И ако некој мисли дека таков спор, кој трае толку време, може да го реши за три или шест месеци, тогаш може да го добие само овој капитулантски договор“, изјави Николовски кој го нападна Димитров дека бил висок функционер во време на ВМРО-ДПМНЕ и дека преговарал за името во време на ВМРО-ДПМНЕ, а сега го обвинува и навредува истото тоа ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николовски моралната димензија на Димитров е спорна, како што е спорно што преговорите за името и капитулантскиот договор ги направил човек со сомнителен морал.

Димитров на овој напад одговори со тезата дека не може човек кој бил поддржувач на Груевски злосторникот да зборува за морал и дека Николовски најпрвин треба да се извини за 27 април.

Димитров како минуваше емисијата стануваше се понервозен и постојано реагираше кај водителката да го прекине Николовски или тврдеше дека Николовски го напаѓа ад хоминем. Објективниот гледач можеше да забележи дека во текот на емисијата и покрај напорот да биде објективна водителката Сања Васиќ влечеше накај Димитров поради што Николовски се жалеше дека цело време го прекинува, му ја попречува мислата и не го остава да се доискаже.

Димитров тврдеше дека не бил политичар туку дипломат во текот на целата кариера, а дека дури сега станал политичар поради желбата да помогне за Македонија да тргне напред.

Според Николовски владата се обидува да го извалка ВМРО-ДПМНЕ обидувајќи се да го натера да гласаат за Договорот во Собранието. Николовски беше прецизен дека партијата нема намера да влезе во сојуз со ликови како Бранко Црвенковски, Заев, Шекеринска, Димитров. Тој тврдеше дека нема да пројде референдумот во никој случај.

Димитров смета дека расположението кај народот е „многу големо за“ а успешен референдум ќе било ако има огромна поддршка од кампот За!

Предходно Димитров избегна дуел на Телма со неговиот предходник Никола Попоски.

SHARE

Comments are closed.