На Трамп можат да му „ѕвонат“ само седуммина

Loading...

Од безбедносни причини пристапот до американскиот претседател Доналд Трамп е ограничен, дури и по телефон. Сите кои сакаат да зборуваат со него, прво мора да поминат низ голем број асистенти, секретари, советници.

Според New York Magazine единствените кои со можат директно да му ѕвонат се

синовите Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп, односно најстариот и вториот син,  Стивен Шварцман, милијардер, шеф на The Blackstone Group, пријател на Трамп и негов неформален советник.

Натаму, Руперт Мардок, шеф на Фокс њуз (омилен ТВ канал на претседателот),  Том Барак, милијардер и бизнисмен од сферата на недвижниот имот кој понзорирал голема сума пари во предизборната кампања на Трамп.

Исто така Роберт Крафт блискиот пријател на претседателот, кој е  милијардер и сопственик на фудбалскиот тим Patriots.

Меѓу седумте  привилегирани е и  Шон Хани, новинар од Fox News, неформален советник на Трамп и негов омилен водител.

Весникот не ја споменува ќерката на Трамп – Иванка, но веројатно и таа како омилено дете има право да му се јави на таткото – претседател.