Нацртале свастика на споменикот на Тито во Куманово

Откако вчера граѓани положија цвеќе на споменикот на Денот на младоста кој се одбележуваше во поранешна Југославија,  вандали во текот на ноќта, испишаа нацистички графити врз споменикот на Јосип Броз Тито.

„Добивме информација дека во ноќните часови, со вандалски чин е оштетено, односно бојосано спомен-обележјето, плочата која се наоѓа во центарот на општина Куманово, од страна на непознати сторители. Ние како Јавно претпријатие, во утринските часови го доведовме споменикот во првобитна состојба. Значи, ги исчистивме и плочките поставени пред споменикот“, вели Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.

Преку својот фејсбук профил, реагираше и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој го осуди сквернавењето.

ОД полицијаа во Куманово, велат дека трагаат по осомничените.