Над 58 отсто новородени деца во Бугарија се вонбрачни

Еуростат објави статистички податоци за стапката на раѓања на деца надвор од брак во земјите низ Европа, а податоците покажуваат дека во Бугарија 58,7 отсто од сите новородени деца се од невенчани мајки.

Овој факт е донекаде контроверзен бидејќи Бугарија е една од порелигиозните земји во Европа, со доминантна христијанска религија.

Околните земји со нешто слични култури како што се Романија, Македонија, Србија имаат значително понизок процент од оној во Бугарија.

Прва на списокот е Франција, што може да се смета за помалку изненадувачки, со 59,7 проценети од новородени деца родени вон брак.

На другиот крај од спектарот е Грција каде ма само 9,4 отсто вонбрачни деца што е најнизок процент во земјите од Европската унија.

Од земјите во околината на ЕУ, Турција е со најнизок процент.