Најавени нови протести во Грција за името „Македонија“

Како што се интензивираат разговорите со Грција за разликата за името на Македонија, се разбудија организаторите на големите протести во Солун и во Атина, најавувајќи нови демонстрации во двата најголеми грчки града.

Координаторите на протестите под мотото „Македонија значи Грција“ веќе имале разговори со претставници на локалните власти, замолувајќи да дадат практична поддршка во „борбата на грчкиот народ против продажбата на името ‘Македонија’ од Владата“, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Во следните неколку дена комитетот, заедно со панмакедонските асоцијации, ќе најават паралелни митинзи во градовите низ цела Грција за 6 јуни од 19:30 часот.

„Низ тие демонстрации комитетот сака да ги потсети политичарите во земјата дека грчкиот народ веќе донел решение во однос на името ‘Македонија’ и сака тоа да биде уважено“, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека „решение во кое фигурира терминот ‘Македонија’ не може да биде прифатено од грчката страна“.

 

SHARE

Comments are closed.