Најави ли Камбовски кривична пријава и за вицепремиерката Шеќеринска?

Екс министерот за правда во владата на Анте Марковиќ и екс претседател на МАНУ во времето на Груевски, Владо Камбовски денеска даде изјава со која отвори можност кривично да ја гони и вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

Според Камбовски секој што организира бојкот на референдум може да биде кривично гонет.

Токму актуелната вицепремиерка Радмила Шеќеринска во 2004 година за време на Референдумот за територијална организација како втор човек во владата задолжена за евроинтеграции беше еден од организаторите на бојкотот за што тогашната влада водеше платена кампања од парите на граѓаните.

Иако академикот зборува за сегашната ситуација сепак Камбовски не прецизира на кого точно мисли кога зборува за кривичен прогон за организатори на референдум.

Аргументите што тој ги дава за сегашниот референдум како да се пресликани од плебисцитот во 2004 година кој пропадна поради организиран референдум на владата на СДСМ.

Камбовски: Организирање бојкот за референдум е казниво со закон

SHARE

Comments are closed.