Најдена замена за “началникот со џипот” Лазе Велковски

Актуелниот шеф на Секторот за внатрешни работи Тони Јакимовски е најсериозниот кандидат за наследник на досегашниот дитектор на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски кој си оди по скандалот во кој беше откриено дека со службен џип ја пратил ќерката на одмор во Грција.

Се очекува Јакимовски денеска на владина седница да биде избран за прв човек на македонската јавна безбедност.

Тој е началник на СВР Скопје од јули минатата година.

Други кандидати за оваа позиција според Алсат – М се и екс шефот на УБК Миле Зечевиќ, Сашо Тасевски од шестата управа на МВР и долгогодишниот полициски службеник Кирил Митиќ.