Најдобрата претстава во Хрватска ја режирал Македонец

Најдобрата театарска претстава за 2018 година во Хрватска во изведба на Хрватскиот Национален театар од Сплит е режирана од македонскиот режисер Дејан Пројковски.

Ова вчера го одлучи “хрватското глумиште” односно хрватските актери кои претставата на Пројковски “Орестија” ја избраа за најдобра во оваа земја.

Покрај Пројковски во тимот на претставата се уште двајца Македонци: сет дизајнерот Валентин Светозарев и композиторот на музиката Горан Трајковски.

Пројковски ја постави “Орестија“ на Есхил, на 64. издание на фестивалот “Сплитско лето“ во август.

Два и пол века старата трилогија (сочинета од три трагедии) на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде синот ја убива својата мајка за да го одмазди својот татко.

SHARE

Оставете Коментар