(НАЈНОВО) Берлин последна надеж, Заев и Димитров патуваат во Германија

Две македонски делегации идната недела заминуваат во Германија каде што главни теми на разговор ќе бидат прашањето за името, датумот за преговори во ЕУ, членството во НАТО и германска помош и инвестиции, дознава expres.mk од дипломатски и владини извори.

Едната делегација ќе ја предводи премиерот Заев кој ќе патува во Франкфурт на засега необјавени и непотврдени средби а втората делегација патува во Берлин.

Неа ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Димитров кој ќе се сретне со неговиот колега шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Димитров според информациите на expres.mk ќе се сретне и со влијателни членови на Бундестагот одговорни за евроинтеграциите, за безбедносни прашања и за проширување на НАТО.

Пред десетина дена по средбите во Њујорк со Мас во Берлин се сретна и грчкиот министер Никос Коѕиас кој таму брифираше дека експертските тимови на Грција, Македонија и ОН во Атина работат на договорот за името.

Предходно Берлин го посети и премиерот Заев кој беше примен од канцеларката Меркел и претседателот Штајнмајер.

Посетата на македонски високи претставници на Германија, особено таа на Димитров, се смета за последна шанса за западно посредување во спорот за името пред самитите на ЕУ и НАТО закажани за крајот на месецов и првата половина на јули.

Германија предходно порача дека прифаќа секакво решение за името кое што ќе придонесе за мирот и стабилноста на Западниот Балкан.

По средбата со Заев во февруари канцеларката Меркел отфрли можност Германија да се инволвира во преговорите за името.

Comments are closed.