Нама да има мигрантски камп на Балканот!

Шефот на канцеларијата на УНХЦР во Белград, Ханс Фридрих Шодер, вели дека нема договор за изградба на камп за прием на мигранти надвор од границите на Европската унија.

„Оваа идеја е отстранета од масата, не сакам и не треба да шпекулирам“, изјавил Шодер во гостување на Радио Телевизија Србија по повод  Светскиот ден на бегалците, кој се одбележува денеска.

Тој  вели дека „нема напредок“ на оваа идеја односно дека сите земји, вклучувајќи ги и членките на ЕУ, имаат меѓународна обврска да примаат мигранти во согласност со процедурата за азил.

„Договор за ова прашање може да биде само со согласност на трета земја, и ова е можно само ако сето тоа ќе се направи во согласност со европските и меѓународните закони”, рече Шодер.

Медиумите во изминатите денови објавија дека земјите од ЕУ бараат соодветна локација за изградба на голем прифатен мигрантски камп кој би можел да биде лоциран во Западен Балкан., а за такво нешто зборуваа и данскиот премиер Расмусен и австрискиот канцелар Курц. .

SHARE