Нападнато седиштето на опозицијата, осомничени „шарените“

Loading...

На својот Фејсбук-профил вчера пред полноќ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, објави фотографии од, како што вели, кукавичкиот напад на штабот на опозициската партија.

На фотографиите се гледаат дамки од црвена боја фрлана на зградата на седиштето на партијата.

„Вечерва на најкукавички начин, по принципот на Шарената револуција, беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не го поддржува штетниот договор потпишан од Заев.

Вечерва власта на Заев покажа на што сè е подготвена за да успее во распродавањето на националните интереси.

Нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ е напад врз секој еден МАКЕДОНЕЦ и член на ВМРО-ДПМНЕ!
Ова нема да помине така и за ова ќе има одговор и жестока реакција согласно акцијата!“, напиша Арсовски.