Напаѓач застрелан во близина на руското МНР во Москва (ВИДЕО)

Полицаец бил ранет во близина на зградата на Министерството за надворешни работи на Москва, откако едно лице без никакви причини отворило оган врз него и неговииот колега.

„Човекот, отворил оган кон полициските службеници без очигледна причина додека минувале”, изјави портпаролката на Руската истражна комисија, Јулија Иванова, за државната новинска агенција Интерфакс.

Полицајците возвратиле и бруталната престрелка, која е „фатена“ од околните видео камери, трае околу 50 секунди пред напаѓачот да падне на тротоарот погоден од куршум во глава.

Извор за ТАСС изјави дека напаѓачот бил пренесен во болница, но не можел да се спаси и починал од прострелната рана во главата.

Човекот, наводно, бил идентификуван како 31-годишен жител на Република Кабардино-Балкарија во рускиот Северниот Кавказ.

https://vk.com/video-112510789_456245204