Американската вселенска агенција (НАСА) успешно лансираше во орбитата метеоролошки сателит од нова генерација кој ќе овозможи подобра временска прогноза до седум дена, како и подобро следење на животната средина.

Сателитскиот JPSS (Заеднички соларен сателитски систем-1) е проект на американската вселенска агенција за набљудување на океанот и атмосферата, и беше лансиран во саботата во 01:47 по локално време, од базата во Калифорнија.

JPSS е првиот во серијата од четири сателити кои имаат напредна технологија и можат да предвидат временски услови подолго отколку што било досега.

Сателитот е исто така важен за предвидување на непогодите, како што е создавањето на урагани. Во прилог на предвидувањето на времето, ќе се следи, од страна на државата, и озонската обвивка поради силата на ултравиолетово зрачење и ризикот за рак на кожата.

JPSS исто така ќе може да ја утврди и локацијата на шумските пожари во непристапните области.

Сензори на сателитите ќе го мерат нивото на јаглерод диоксид и метан во пожарите, кој ќе помогне во одредувањето на квалитетот на воздухот во близина на огновите.