Насер Селмани: Директорот на Телма ја рекетира Владата

Претседателот на здружението на новинари на Македонија тврди дека директорот на Телевизија Телма бара рекет ид Владата.

Според Насер Селмани, “Атанас Кировски, поранешен новинар и директор на Телма телевизија, јавно потврди дека националните телевизии се пропаганден сервис на секоја власт. Денеска ѝ сугерира на Владата да им дале пари за медиумска пропаганда, инаку ќе им пропаднел референдумот”.

Ова со други зборови се вика медиумски рекет – дајте ни пари ако сакате да ви успее референдумот! А јавниот интерес каде остана?!”, смета Селмани кој додава дека “овие медиуми беа и останаа најсилен столб на заробената држава, затоа што освен служење на партиски и политички интереси, друго не знаат да работат. Не знаат да водат медиумски бизинис во капиталистичко општество, за нив времето запрело во Сојузот на комунисти!”

,,Мил мој Саки, референдумот нема да пропадне поради немање на медиумска пропаганда, туку може да пропадне поради немање јасна стратегија од владата како да им објасни на граѓаните зошто треба да го поддржат договорот со Грција.
Кировски лаже кога тврди дека само 15 посто од граѓаните се информирале од социјални мрежи. Истражување на мислењето на публиката од АВМУ во декември 2017 покажува дека 54 посто од граѓаните надневна основа се информираат од интернет, а 60 посто од телевизиите.

Саки, читај малку информирај се”, му порачува Селмани на Кировски откако овој анализираше дека без телевизиска поддршка владата нема да може да ги информира граѓаните за сите отворени прашања.

Селмани реагираше на изјавата на Атанас Кировски

Директорот на провладината Телма предвидува дебакл на референдумот

SHARE