Насер Селмани до Ахмети: Ти ја изгради заробената држава

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани ја коментира последната изјава на Али Ахмети со обвинување дека тој е виновникот за заробената држава во Македонија.

“Али Ахмети ја открил топлата вода. И птиците на гранка знаат дека Албанците никогаш не биле проблем за Македонија. Напротив, режимите во Македонија им нанеле многу болка на Албанците и на сите нејзини граѓани.

Ахмети изумил да каже дека претставниците на Албанците со нивното неоодговорно однесување го издале сонот на Албанците за слободна, демократска и европска Македонија.

Тој самиот многу посветено има придонесено за создавањето на заробената држава во Македонија служејќи му 9 години на режимот на Груевски поради лакомоста кон привилегиите на власта”, пишува Селмани.

Реакцијата на Селмани доаѓа откако лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа изјави дека Албанците не биле спомнати во Договорот за спорот со името бидејќи никогаш не биле проблем во спорот.

1 Коментар

Оставете Коментар