Наш амбасадор споделува текст во кој Македонија е веќе Северна

Новоименуваниот македонски амбасадор во Албанија направил превид и преку социјалните мрежи споделил текст во кој пишува дека Македонија веќе е Северна.

Амбасадорот Данчо Марковски на својот фејсбук профил споделува позитивен напис за соработката меѓу македонската и албанската литература и поезија и за настап на македонски творци на саем во Тирана но најверојатно не забележал дека во текстот неговата земја Република Македонија се нарекува Северна што е спротивно на актуелната ситуација.

Написот се однесува на македонското учество на 25тото издание на Меѓународниот фестивал Клик Експо кое е финансирано од министерството за култура.

Порталот телеграф.ал кој ја пренесува веста во која се зборува дека Македонија е веќе Северна важи за еден од најчитаните и највлијателни медиуми во Албанија.

Иако Македонија го потпиша Преспанскиот договор а Собранието започна процедура за смена на името земјава се уште формално е Република Македонија.

SHARE

Оставете Коментар