Демонстанти во Тирана се судрија со полицијата на протестите кои ескалираа против најавеното уривање на станбени објекти за изградба на обиколница во главниот град во Албанија.

Демонстрантите кои се обидоа и насилно да влезат во парламентот фрлале тврди предмети и петарди кон полицијата порадии што 12 полицајци завршија во болница.

Предвидено е уривање на околу 330 објекти од кои  добар дел се двоградби. За оние кои се легализирани Владата вети обештетување, додека за сопстевниците на нелегализирани објекти подмирување на станарина за изнајмен стан во период од три години, но тие не се согласуваат.

Премиер Еди Рама ој денес ги посетил полицајците имал непријатен инцидент кога во моментите кога давал изјава кон него бил фрлен чевел.

Обезбедувањето на време реагирало, а напаѓачот е уапсен.

SHARE

Оставете Коментар