НАТО и Русија против формирање косовска армија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека намерата на Косово да формира војскае во спротивност со препораките на многу членки на НАТО и дека може да има сериозни последици.

„Таков чекор доаѓа во погрешно време“, рече тој.

Тој истакна дека НАТО ги поддржува косовските безбедносни сили КБС со сегашниот мандат и дека секоја трансформација мора да биде во согласност со Уставот.

Тој уште еднаш повтори дека ако мандатот на КБС еволуира, НАТО ќе мора да го разгледа својот ангажман во Косово.

Денеска реагираше и руското Министерство за надворешни работи, кое ја осуди одлуката на властите во Приштина да формираат армија.

SHARE

Оставете Коментар