Не 14 туку 23! Се шири списокот на најавени протести во Грција!

Дури 23 јавни собири ќе се одржат денеска низ цела Грција на кои ќе биде искажано противење на постигнување компромис во преговорите за името, дознава „Катимерини“.

Митинзите ќе започнат во 19, 30 часот во 16 градови во „Македонија“:  Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш Поликастро, Лагада, Касандра, Воден, Лерин, Костур, Кожани, Птолемаида, Катерина, и Статица и Верија.

Демонстрации, исто така, ќе се одржи во Лариса, Тива, Јанина, на Родос, Ќаниа, Крф и Халкида.

Портпаролот на Владата, Димитрис Ѕанакопулос застана во одбрана на „светото право“ на граѓаните да протестираат и да го искажат своето противење на политиката на владата.

„Постои национална линија, на која ѝ служеме“, рече тој.

Откако неколку владици изразија намера да присуствуваат на митинзите, архиепископот Јеронимос изјави дека ставот на црквата за ова прашање е „цврст“.

„Не е лесно да го позајмиме името Македонија, да го дадеме(…) Сепак, овие прашања не можат да се решат со митинзи, со викање”, рече тој и додавајќи дека тоа е работа на парламентот.

2 Коментари

Оставете Коментар