Неколку згради не повисоки од 20 ката ќе се градат на паркингот спроти ГТЦ, вели ексклузивно за Телевизија 24 бизнисменот Зоран Антиќ.

Деталите за планот ги соопшти управителот на неговата компанијата М.Г Фешн, која заедно со фирмата Обновители каде како бизнис партнер се јавува МПЦ ја купија и државната парцела.

„Не верувам дека ќе идеме со објекти кои се 60 ката мислам дека ќе одиме со неколку објекти кои ќе бидат околу 20 ката. Нормално тоа зависи од концепт – дизајн што го изготвуваат 3 реномирани странски проектантски фирми и кога ќе биде готов ќе го презентираме на пошроката јавност“ – вели управителот на фирмата МГ Фешн, Илија Божиновски, за ТВ 24.

 

SHARE

Оставете Коментар