Не бев во Собрание, гласањето го следев на телевизија, вели Бејли

Американскиот амбасадор Џес Бејли ги отфрла како апсурдни наводите дека 19 октомври, кога 80 пратеници гласаа за уставни измени, бил во Собранието.

„Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од амбасадата вечерта и како повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба“, изјави амбасадорот за ТВ 21.

Според него апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание: „Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор“, вели Бејли.

Претходно, руското МНР обвини дека гласовите од опозицијата кои недестигаа до 2/3 мнозинство, биле обезбедени со уцена, закани и поткуп и и дека „вреди да се спомне дека американскиот амбасадор бил во Парламентот до крајот на седницата, нешто што остава сомнеж за тоа кој го раководел овој процес“.

SHARE

Оставете Коментар