Не добил азил во Австрија – не изгледал доволно геј

„Начинот на кој одите, се однесувате и облекувате не покажува ни најмали индикации дека би можеле да бидете хомосексуалец“, напишал австриски службеник за имиграцијата во образложението зошто му е одбиен азилот на 18 годишен тинејџер, пишува весникот „Дер Фалтер“

Автрискиот весник објави дека тинејџерот кој пристигнал од Авганистан ќе се жали на одлуката на локалните власти.

Австриското министерството за внатрешни објави дека во последните  две години се разгледани околу 120.000 барања за азил и дека барателите на азил „мораат да ги поткрепат своите причини за бегство од татковината“.