Не е избран новиот состав на ДИК!

И покрај тоа што беше највено, спикерот Талат Џафери не успеа да закаже собраниска седница за избор на новиот состав на ДИК.

Причина, пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се усогласија во врска со некои членови од законот за финансирање на партиите, околу казните во делот за злоупотреба на службената положба и овластувања и замена на затворските казни со парични.

Изборот на Државната изборна комисија ќе се прави според досегашната практика, со двотретинско мнозинство, беше договорено вчера на лидерската средба.

Засега нема најава за нова лидерска средба, а спикерот Џафери претходно ги информираше дека до 28 јули ќе биде отсутен од земјата.