Не е приведен Орце Камчев

Орце Камчев не е еден од приведените по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители.

СЈО утрово влезе во фирмте на најбогатион македонски бизнисмен.

Од СЈО  за „Макфакс“ ја потврдуваат информацијата дека е отворена истрага под назив „Империја“ против  Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, пренесувасат медиуми.

СЈО утрово влезе во фирмите на најбогатиот Македонец

 

 

SHARE

Оставете Коментар