Loading...

Со исклучок на грчкиот дел на Кипар, Бугарија е единствен сосед на Грција со кој има генерално добри односи.

Според геостратегискиот атлас со Македонија и Албанија јужниот сосед има историски прашања за решавање, со Турција постојани безбедносни и воени закани а со турскиот дел од Кипар воопшто нема никакви односи.

Грчки банки важни за националните економии има во Македонија, Албанија и Бугарија а спорови за нафтени или гасни полиња има со Албанија, Кипар и Турција.

Македонија не е сама кога се работи за вето за влез во ЕУ, според geopoliticalatlas.org Атина би ставила вето и за Албанија но и за Турција ако еден ден овие земји дојдат во ситуација да станат членки а ги имаат истите односи како сега.

1 Коментар

Comments are closed.