Не е шега: Скопје сe кандидира за „Европска зелена престолнина“

Девет европски градови меѓу кои и Скопје поднесоа кандидатура за добивање на наградата „Европска зелена престолнина 2021“(European Green Capital).

Наградите „Зелена престолнина на Европа“ и „Европски зелен лист“ за кои во конкуренција заедно влегоа 21 град и гратчиња од 14 европски земји, се иницирани за признавање и наградување на достигнувањата на градовите во нивните напори и обиди да ја подобрат својата локална средина и квалитетот на живеење таму.

И покрај тоа што многу европски градови се соочуваат со бројни еколошки проблеми, европските градови генерално се главни иницијатори во поглед на урбаната самоодржливост и често нудат пионерски иновативни решенија за борба со еколошките проблеми.

Скопје во конкуренција за престижната награда ќе ги има Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).

SHARE

Оставете Коментар