Не е шега – Во Куманово споменик во чест на американска фирма

Кумановскиот градски татко Максим Димитриевски има намера да изгради спомен-обележје на американската компанија Kelog, Brown & Ruth која посредува при вработување на работници во американската армија во базите низ блискиот исток.

Градоначалникот Димитриевски смета дека на компанијата „Келог, Браун и Рут“ од САД треба да и се заблагодари бидејќи преку неа работеле над 11.000 жители на Куманово.

„Има голем број наши сограѓани кои работат за таа компанија и сметам дека во предвечерието на 500 години постоење на Куманово, нашиот град може да излезе со еден добар позитивен гест и да постави спомен-обележје во рамки на едно убаво идејно решение“, рекол Димитриевски на седница на општинскиот совет.

Димитриевски пред 10 години и самиот бил на работа во американска база во Ирак преку КБР. Идејата е споменикот да се постави во паркот кај затворениот базен, на 500-годишнината од создавањето на Куманово, затоа што оваа фирма дала најголем придонес за развој на градот во последните години.

Фото: Тв реклама

Оставете Коментар