Не им верувајте на Силјановска, Ванковска и Апасиев – пишува Горан Момироски

Во овој текст поради законски обврски нема да го спомнам настанот што ќе се случи утре, ниту политички партии и политичари.

Ќе бидам краток.

Се сложувам со сите што велат дека професорите Гордана Силјановска Давкова, Билјана Ванковска и Димитар Апасиев, се најцрните ѓаволи и имаат тајни и мрачни сценарија за уништување на Македонија.

Верувам дека тие секој петок на полноќ на станицата во Зелениково маскирани како бегалци го чекаат возот од Солун за да ги пречекаат куферите полни со руски рубљи кои што им ги праќа рускиот тајкун со грчки шмек Савидис кој од највисокиот функционер во владата беше обвинет дека се меша во нашите средени македонски работи.

Не може да не е точно дека Силјановска и Ванковска кои што со децении работат со врвни светски и европски научни институции и тела на ЕУ (Венецијанска Комисија), сега решиле да ја уништат Македонија затоа што не ја сакаат својата земја од каде што немаат намера да бегаат.

Нема шанси да е погрешно тврдењето дека Апасиев, најдобриот политичар меѓу правниците и најдобриот правник меѓу политичарите сака Македонија да ја претвори во еден голем гулаг во кој ќе се слуша само врапчето што ќе пее ВМРО, ВМРОООО.

Не, не верувам во нивните тези дека преспанскиот договор е противуставен, дека референдумот е противуставен, дека македонскиот народ ќе добие нов идентитет. Штом владината камарила заклучи дека овие тројца мускетар(к)и лажат јас морам да верувам затоа што никој во владата досега никогаш ништо не излажа, со чесни стотина исклучоци.

Затоа и вам ви велам не им верувајте ним. Ниту на нивните соработници, Горазд Росоклија, Марија Ристеска, Жидас Даскaловски и уште стотици други интелектуалци од земјава и светот, кои не се ништо друго освен самоубијци кои во животот немаат друга цел освен да ја уништат Македонија.

Верувајте им на западните сојузници, особено на нивните медиуми. А најмногу на светскиот стандард за професионално новинарство, на британскиот јавен медиумски сервис BBC.

Ем е од земја која сака да не внесе во НАТО и ЕУ од каде самата заминува, ем се работи за речиси еден век професионално новинарство според највисоки стандарди.

Не верувајте им на клетите Ванковска, Силјановска и Апасеив, верувајте му на Би-Би – Си од каде вчера во анализа ни објаснија дека утре Македонија го менува својот идентитет.

Би Би Си откри за што се гласа во Македонија па се повлече (ФОТО)

Подоцна насловот го сменија и зборот идентитет во извадија, но ако фејсбук лаже Гугл не лаже, таму се уште пишува дека утре ќе се бориме за промена или зачувување на идентитетот.

А Би – БИ – Си не е сам во ваквата теза за губење на идентитетот.

Многу други западни медиуми го објавија истото со тоа што за разлика од ББЦ тие не подлегнаа на притисокот и не ги сменија своите наслови и текстови.

Не е само Би Би Си, за многу светски медиуми утре го менуваме идентитетот

8 Коментари

  1. Горан Момироски, мислиш ли дека си многу паметен? Со кого правиш мајтап? Со самиот себе? Зошто некој би им верувал на тие што ги кажуваш или не би им верувал? Зарем нема секој ум и памет па сам да размисли што е и како е? Само тој што нема мозок верува или не верува некому.

  2. Така е Горан и јас не им верувам затоа утре БОЈКОТИРАМ!
    И Горан внимавај ги тревожиш петтокољонашите, мислат дека се мајтапиш со нив, жалните и не се свесни дека самите тие заради нивното ВЕЛЕПРЕДАВСТВО веќе подолго време никој не ги есапи а последиците уште и не ги почуствувале како што треба. Како мислат на 01. Октомври 2018. да излезат на улица и да им погледнат во очи на своите соседи, пријатели, роднини, колку време ќе издржат пред да замината од земјата која сакаа да ја продадат за 30 сребреници!?

  3. (B)eden si ostana (b)eden do kraj. Ne znam sto ke pravi po 30ti septemvri, ama da ne im veruvas na ovie 3 eksperti po pravo, a da mu veruvas na Fiti ili Kambovski, e zalosno. Zalosno e sto voopsto postojat vakvi bedni i nistavni kako nasiov (b)eden, koi nemaat ni dostoinstvo, ni integritet, ni rodoljubie. Ja slusam onaa “kozlova”, pa se cudam: zagovara federacija, a so makedonskite prikazni na majka i rastevme i ziveevme. Eeej, koj gi vospituval (b)ednive? Pa ako tolku ja sakaat EU, otvoreni vrati, SIKTER!

Оставете Коментар