„Не низ Водно“ – протест против гасоводот

Собир на врвот од кој ќе биде испратена пораката „Не низ Водно“, како и пешачење по сртот на планината, ќе се одржи денеска во организација на еко-активисти од повеќе организации и иницијативи здружени под заедничкото мото „Го сакам Водно“.

„Сакаш Водно да е заштитена зона? Сакаш да ја сочуваш природата која ти дава мир, те полни и прочистува? Сакаш да се престане со изградба во парк шума Водно? Биди во 10, 30 часот без доцнење, на чистинката под крстот. Ќе има музика, ќе има активности во знак на поддршка на она што ни значи: Водно без понатамошни минирања, копања, механизации, сечење на шумата, уништување на бројни живеалишта… Земи пријател, дојди на врв! Сподели, рашири, сликај се, постирај“, се вели во најавата.

Планирано е, по собирот што ќе се одржи под Милениумскиот крст, присутните организирано да прошетаат по сртот на Водно до местото каде се стационирани багерите за изградба на гасоводот.

И покрај апелите и неколкуте средби со претставници на Градот, градските власти не се откажуваат од изградба на делот од гасоводната траса кон Тетово, Гостивар и Косово, кој поминува токму по сртот на Водно.

„Го сакам Водно“ бара поддршка за спас на парк-шумата

SHARE