„Не“ од Фофи Генимата за договорот Ципрас-Заев

Ревизија на уставот да вклучува задолжително националноста и јазикот да се прилагодат со новото име, бара претседателката на грчкото Движење за промени која  го отфрли договорот Ципрас-Заев, оценувајќи го како нецелосно решение и покрај некои позитивни поенти.

Договорот што го претстави владата е чекор, но тоа не е целосно решение, вели Фофи Генимата според  која неговата имплементација, сепак, не зависи од Грција, туку главно од активностите на соседната земја.

Генимата смета дека  „овој договор може да се прифати доколку „ревизијата на Уставот во Скопје вклучува адаптација на националноста и јазикот според новото име“, а писмото за покана за членство во НАТО да се испрати по завршувањето на процесот.

1 Коментар

  1. Eden sto vikas vo pravo li e. Ili tebe ti e kazano da gi komentiras samo vestite od Makedonija. Naredba jebiga nema mislenje so svoja glava. Kako ke kaze megunaronata. Penil se nepenil ke go jades te .platile

Comments are closed.