Не е само Би Би Си, за многу светски медиуми утре го менуваме идентитетот

Од Би Би Би, преку АП до локални медиуми низ целата земјина топка анализата е иста:
Македонија утре не го менува само името туку и идентитетот.

Покрај британскиот јавен медиумски сервис BBC кој вчера објави дека Македонија утре го менува својот идентитет и многу други светски медиуми објавуваат дека утре во Македонија не се гласа само за САД или Русија, за ЕУ или Турција туку за менување на македонскиот идентитет.

Оваа теза на релaтивно неутралните светски западни медиуми кои што навиваат за влез на Македонија е прилично нејасна ако се има предвид дека со вакви анализи практично одмагаат во планот на Брисел и Вашингтон Македонија наскоро да влезе во ЕУ и НАТО.

За прашањето за промена на идентитетот се говореше најмногу во текот на кампањата а главниот аргумент на власта е дека идентитетот не само што е сочуван туку е и зајакнат.

Со ваквиоте информации на западните медиуми оваа позиција на владата е потопена затоа што доаѓа од објективни медиуми за кои не може да се каже дека се под руско влијание или под влијание на македонската опозиција.

Интересно е и тоа што медиуми за кои се знае дека се финансирани или под директна контрола на Русија не објавуваат дека Македонија утре решава за својот идентитет.

SHARE

Comments are closed.